Стевановски до челните луѓе на ЗАМП: Ќе треба да Ви шијат кошули по нарачка, на која сметка да Ви ги донирам двете илјади денари што ми ги исплативте за авторски права?!

Please follow and like us:
Pin Share

Авторите во Македонија години наназад се соочуваат со неправилности по однос на исплаќањето на финансиски средства за користење на авторски права од страна на ЗАМП. Имено, општо е познато дека ЗАМП на годишно ниво за изведување и јавно емитување на авторски музички дела од медиумските куќи и од угостителските објекти наплаќа милионски суми, а на авторите на музика, текст и аранжман им исплаќа суми кои што во многу наврати се смешни и срамни за споменување, додека одреден круг на луѓе со функции во самиот врв на ЗАМП остваруваат хонорари кои изнесуваат и до неколку десетици илјади евра. Еден од помладите автори, текстописецот Александар Стевановски, кој важи за човек без влакна на јазикот денеска, изреволтиран поради смешниот износ, преку социјалните мрежи се обрати на луѓе на челните позиции во ЗАМП. – Се обраќам до ЗАМП: Бидејќи сум пријател на Фејсбук со луѓе кои се на челни позиции во ЗАМП, а немам друг начин освен да им се обратам преку социјалните мрежи, ме интересира: КАКО, И НА КОЈА СМЕТКА МОЖАМ ДА ВИ ГИ ДОНИРАМ ТИЕ 2.000 (ДВЕ ИЛЈАДИ) ДЕНАРИ што ми ги исплативте врз основа на користење на авторски права на годишно ниво кои што права Вие демек ми ги штитите? КАКО НЕ ВИ Е СРАМ БРЕ? Како Ве гледам, ќе треба дупли копчиња на кошулите да Ви шијат, ако не и кошули по нарачка. Ќе Ви се издуваат стомаците од презаситеност, пренајаденост и пренапиеност! Да ве прати човек до пазар, прво стомаците, па после пола саат вие ќе стигнете на тезга! СРАМ ДА ВИ Е, И АРАМ ДА ВИ СЕ ПАРИТЕ ШТО ГИ ЛАПАТЕ! – стои во Фејсбук статусот на Стевановски. Некои од авторските кои ги создал Александар Стевановски се: „За Велигден“, „Решив дома да се вратам“, „Прелетај соколе“, „Стојне моме на чорбаџи Стојана“, и ред други песни кои што публиката одлично ги прифати. За потсетување: На 19.03.2022 година требаше да се оддржи седница, односно требаше да се оддржат избори во ЗАМП каде што требаше да бидат сменети конкретни луѓе од позициите со кои што се носат, но сето тоа поради наводно немање кворум од 202 автори беше прогласено за неуспешно.

Please follow and like us:
Pin Share