Милутин Мркоњиќ , партнерот на Ана Бекута, на крајот на минатата година беше испратен во Алејата на заслужните граѓани, на Новите г pо-би шта во Белград.
Неговата законска сопруга Даша пред насобраните призна дека загубата на Милутин многу ја погодила.
Голем број пријатели, соработници и членови на семејството го испратија политичарот во неговиот вечен дом.
Иако Мрка последниве години беше вљубен во пејачката Ана Бекута, тој никогаш официјално не се разведе од сопругата Даша и до последниот ден и беше голема поддршка во животот.
Сега Бекута и Даша беа и двајцата во првиот ред на испраќањето, а законската сопруга на Милутин првпат проговори во јавноста за Мркоњиќ. „Ова ме скрши“, била кратка Даша.
Инаку, Милутин Мркоњиќ беше испратен во вечното почивање со песната „Чубара“, која му беше една од омилените и која секогаш го потсетуваше на неговата упокоена мајка и на Чубара каде што израсна.
Да потсетиме, Милутин Мркоњиќ е еден од основачите на СПС, а во својата долгогодишна деловна и политичка кариера извршуваше неколку значајни функции, долгогодишен пратеник, министер во два мандата и советник.
Во едно претходно интервју за „Глоси“ таа проговори за врската со Мрка, кога престанала да пуши, дали готви и многу други детали од нејзиниот приватен живот.
Ана истакна дека го чува својот добар вокал благодарение на тоа што престанала да пуши цигари пред седум години.
„Помирно живееме. Тој веќе шест години не е во политика, тогаш даде оставка. Ми помага, често патува со мене на настапи“, раскажа тогаш Ана и објасни дека се чувствува сигурно кога е Мрка со неа на настапи.
По загубата на Милутин Мркоњиќ, Гранд продукција престана да снима емисии, а Ана Бекута извесно време се повлече од јавноста за да тагува во мир.
Сепак, Ана мораше да почне да работи и да снима, пa се појави во студиото на Кошутњак каде продолжи снимањето на Ѕвездe Гранда, а на насобраните новинари таа сосема кусо им се обрати со зборовите: „Тажна сум, ќе има можности за приказни.
Таа не можеше да ја сокрие тагата на лицето. Таа се обиде да им се насмее на насобраните фоторепортери, но тагата на нејзиното лице беше јасна.
Пејачката Ана Бекута се појави на снимањето на новата епизода на музичкото натпреварување „Ѕвезде Гранда“. Популарната членка на жирито за оваа пригода избра долга деколтирана тоалета, а им позираше на насобраните фоторепортери.
По загубата на долгогодишниот партнер Милутин Мркоњиќ, Ана продолжи со обврските околу настапите и снимањата, а многумина забележаа дека таа значително ослабе.
Српските медиуми пренесоа дека Мрка, ја заколнал Ана додека бил во болничка постела да продолжи со пеењето и по неговото заминување.
„Мрка сите го знаат како голем шегобиец, тој е толку позитивен човек што секаде внесува само радост и насмевки. Дури и додека поминува низ најтешката животна борба, тој е позитивен и се труди да ѝ олесни на Ана.
Многумина се заудија кога таа соопшти дека нема да ги откаже настапите, иако Мрка се бори за живот.
Всушност, не е фер што ја оговараат Ана, бидејќи тоа беше желба на Мрка, тој знае дека песната и работата ја одржуваат Ана во живот и затоа бараше од неа да му вети дека нема да се одрече од музиката ниту во најтешките моменти“ – своевремено кажа извор близок на пејачката за медиумите.
Фолк ѕвездата Ана Бекута минатата година го загуби својот животен сопатник Милутин Мркоњиќ, а и требаа неколку месеци да одлучи повторно да влезе во студиото.
Таа за својата прва песна избра дует, со младата пејачка Зорана Симеуновиќ.
Ана и Зорана снимија спот за песна кој ја напиша сопругот на Зорана, познатиот композитор Стево Симеуновиќ, а нејзината помлада колешка била толку трогната што заплакала пред камера.
– Знам низ што помина Ана во последните месеци, а јас бев почестена, но и трогната кога се согласи на соработка. Покажа дека е голем уметник, но и голем човек – низ солзи рече Зорана, додека Ана остана доследна на одлуката да не дава изјави до годишнината од упокојувањето на Мрка, но со задоволство позираше со Зорана пред насобраните фоторепортери.
Песната „Грам“ својата премиера ќе ја одржи во мај, за кога е закажана промоцијата на првиот албум на Зорана.
