Конор Мекгрегор изгледа како тенк, според неговите обожаватели кои не можат да се воздржат од пофалби за неговата трансформација на телото.
Ирската ММА ѕвезда се подготвува да се врати во рингот и се нема борено од поразот од Дастин Поаре во јули 2021 година, кога ја скрши ногата во својот трет пораз во четири УФЦ натпревари.
Во меѓувреме, Мекгрегор вежбаше напорно за да се врати во форма и да добие дополнителни мускули, а треба да се врати во рингот оваа година и вети дека повторно ќе се бори за светската титула.
Proper Power training! God bless my @tidlsport recovery spray to be pain free! Let’s keep pushing team 🙏 pic.twitter.com/w9Do8Ez9EJ
— Conor McGregor (@TheNotoriousMMA) March 15, 2022
Некои обожаватели изразија загриженост за неговата подвижност, со оглед на тоа што тој добил многу мускулна маса. Датумот на враќање во рингот сè уште не е потврден.
