Фолкерката Сани се пофали со скапа кола- со здравје да си ја возам (ФОТО)

Please follow and like us:
Pin Share

Сања или попозната како Сани Гроздановска е една од нашите најпопуларни и најзгодни пејачки на фолк сцената. Сани секоја година ја гледаме како настапува во емисијата „Мерак меана“.

Емитувањето на оваа емисија која ја собира целата фолк естрада од Македонија е реприза, но сепак народот ужива додека ја гледа.

Сани во 2017 година се омжаи за својата љубов Мартин, со кого беше во врска неколку години.

Ова е втор брак на Сани која има ќерка Викторија, која има 11 години. Во номеври во 2018 година, Сани ја роди својата втора ќерка која се вика Ева.

Убавата вест на социјалните мрежи веднаш ја сподели пресреќниот тато Мартин кој напиша дека се чувствува среќно со својата сопруга која му роди ќеркичка.

Во едно интервју за „Бекстејџ“, Сани откри дека имала многу непријатни ситуации во нејзината кариера.

„Охо, имав 100 000 непријатни ситуации. Меѓутоа, знам како да се справам во вакви ситуации. Не сум од вчера во овој бизнис. Веќе 10 години, така да знам како треба со таквите луѓе“ вели пејачката.

Сани тогаш откри дека добивала и понуди колку пари бара за една вечер. Исто така, фолкерката откри дека нема направено никаква хирушка интервенција на себе, но дека планира да ја корегира устата.

Сани ги демантираше сите шушкања за наводната афера со Аца Лукас.

„Јас Аца Лукас не го шармирав на љубовен план, го шармирав со пеење. Не му се верувало дека некој во Македонија има таков целосен пакет. Не сум го освоила на љубовен план, како што се пишуваше“ вели Гроздановска и додава:

„Разговаравме околу песната, околу кариерата, околу настапите, ме праша кога ќе снимам во Србија. Па, можеби ќе излезе некој дует. Не се знае“ рече пејачката за Бекстејџ.

Таа интензивно се дружи со своите колеги, а неодамна објави слика како го користи убавото време и отиде во еден скопски ресторан со својата колешка Даниела Темелковска.

Сани неодамна го истетовира својот грб со тетоважа која има симболично значење. Станува збор за ружи околу кои има виолински клуч од петолиние со ноти, а меѓунив изпишани зборовите:

„Љубов“, „Среќа“, „Независност“, а симболично претставени беа музиката и двата цвета кои се нејзините две ќерки.

Сани на својот Фејсбук профил напиша интересен статус кој се однесува на љубовта, кој го бендисаа нејзините следбеници. Сани, со ова веројатно мисли на својот маж, Мартин.

– Жена која е задоволна со својот маж, никогаш не погледнува друг“, порача Сани на Фејсбук. Но, уште една интересна објава имаше таа пред извесно време: „Жената има две мисии во животот. Да го смири мажот кога е нервозен, и да го изнервира кога е мирен.

Сања Сани Гроздановска пред две години беше актуелна кога ја врзуваа со Аца Лукас, а таа в Бекстејџ, За шушкањата за наводната аф еpа со Аца Лукас, еве што кажа.

– Аца Лукас беше воодушевен од моето пеење, не му се верувало дека гледа за првпат во Македонија некој да е комплетен пејач, не сум го освоила на љубовен план како што се пишуваше, разговаравме за песни и за музика“, раскажа тогаш Сани.

Фејсбук профилот на Сани е полн со новости за нејзините настапи пред и и за Нова година. Таа е навистина е турбо периодов. Но, внимание привлекива една снимка каде што Сани е со длабок шлиц, а пее во дует со Благоја Грујовски.

Всушност, станува збор за песната „Зошто толку чекаме’, која јаа пееле на фестиваклот Охрид фест и станува збор за една убава нариодна, љубовна песна.

Сани има навистина провокативна креација за овој настап, а на Баже му годи такво убаво друштво и таков поглед. Плус, за време на настапот дува ветер, па фустанот на Сани уште повеќе открива.

Сани објави слика од своето ново „милениче“, тоест автомобил мерцеде со кој се пофали на Инстаграм. „Со здравје да си ја возам“, напишала фолк пејачката под оваа слика и добила многу коментари од пријателите како на пример-Ја пееше и ја допеа, честито!

Please follow and like us:
Pin Share