Балканската музичка ѕвезда, поп-пејчот Жељко Самарџиќ ќе одржи хуманитарен концерт во Прилеп. Концертот е за помош на малиот прилепчанец Дејан Најдоски. Малиот Дејан има аутизам, а досега успешно помина повеќе третмани со матични клетки во болница во Турција. За целосно подобрување на неговото здравје и понатаму сме му потребни ние луѓето и нашата хуманост.
Овој концертот е закажан за 19 март, со почеток во 20 часот, во Универзалната сала во Прилеп (сала на Тутунски комбинат), во која Самарџиќ ќе ги испее своите најголеми хитови, со што и преку песната ќе направи сè што е во неговата моќ да му се помогне на Дејан.
Српскиот пејач настапува заедно со македонските пејачи Јоце Панов и прилепчанец Филип Николоски. Билетите се по симболична цена, само 300 денари.
