Со Сашко Нојкиќ или попознат за јавноста како Цаки Кисми забавата секогаш е загарантирана. Освен со настапи во Македонија, тој во последно време е се поприсутен и во соседна Бугарија.
Без сомнение Цаки Кисми важи за еден од најпознатите фолк пејачи во земјава и пошироко кој знае да направи забава по сечиј мерак.
Тој е еден од најпопуларните фолк музичари во Македонија, а со право го носи и прекрарот кралот на кафеаните.
Секоја песна на групата Кисми уште со првото пуштање во јавност станува хит.
Не само во Македонија, туку Цаки Кисми е чест гостин и преку границите. Па така во изминатиот период беше гостин во Швајцарија, Германија, Италија, но и во соседна Бугарија.
Неодамна Цаки имаше настап во една дискотека во Благоеврад каде што пееше качен на шанк, а притоа во својот репертуар изведе и неколку македонски патриотски песни и притоа напиша:

„Вака се презентира и сака Македонија во Бугарија“
Многумина коментираа дека ова ќе му биде и последен настап поради добр познатите политички релации на двете држави, но веќе набрзо пристигна демант.
Имено Цаки Кисми повторно беше гостин во истиот локал и пак запеа македонски песни и порача – Нема поубаво девојче од македонче.
Ова може да биде и своевиден одговор до српската колешка Теа Таировиќ која неодамна исто така во овој бугарски град го смени текстот на песната и предизвика многу комнетари.
Вчера пак Цаки ја промени локацијата, но не и државата. Настапи во познатотот зимско туристичко место Банско каде што во кафана направи атмосфера за мерак.
Во еден момент од својот настап Цаки пушти солзи откако виде што се случува на една маса.
Имено момче реши да ја запроси својата девојка која му кажа да, што наиде на многу емоции кај сите, па и кај Цаки.
https://www.facebook.com/caki.kismi.5/videos/1104293670423410/?t=2
