Конор Мекгрегор пред неколку дена изрази интерес за купување на Челзи, откако Роман Абрамович објави дека англискиот клуб се продава за три милијарди фунти.
Сега ирската ММА суперѕвезда отиде чекор понатаму и испрати понуда. Барем преку Твитер, за половина од бараната сума.
„На овој начин ја пласирам мојата понуда од една и пол милијарда фунти“, напиша Мек Грегор како коментар на веста за цената што ја постави рускиот олигарх. Не е јасно колку е сериозен поранешниот шампион на УФЦ, но тој претходно покажа интерес да го купи и Манчестер Јунајтед.
I hereby put forward my offer of £1.5bn. https://t.co/cVL3UcnsDp
— Conor McGregor (@TheNotoriousMMA) March 4, 2022
Проблемот е што тој во моментов нема ни приближно доволно пари за оваа неформална „понуда“, а камоли колку што бара Абрамович. Мек Грегор минатата година го продаде својот бизнис со виски за 150 милиони долари, ставајќи го на врвот на листата на Форбс на спортисти кои заработиле најмногу во 2021 година со 180 милиони долари.
Најголемиот профит го направил од борбата во кариерата со боксерската легенда Флојд Мејведер, кога заработи околу 100 милиони долари. Иако тврди дека неговата заработка од продажбата на компанијата ќе надмине 700 милиони во следните неколку години, ни тоа нема да биде доволно без да собере конзорциум или да земе голем кредит.
Набргу по првата објава на Мек Грегор дека сака да го купи Челзи, се појави урнебесно меме кое го покажува „одговорот“ на клубот: „Ви благодариме, но ако сакавме луд Ирец на чело на клубот, ќе го земевме Рој Кин за менаџер“. Веројатно од силна желба да се биде реален, некои медиуми дури го пренесоа мемето како официјален одговор на Челзи.
This is cold even from @ChelseaFC @TheNotoriousMMA doesn't deserve that..But why is Roy Keane catching stray bullets😂😂😂 pic.twitter.com/DlQWvSmrr4
— THE_MOODMAKER (@Styno_1) March 3, 2022
Сепак, колку и да е искрена или возможна амбицијата на Конор, не е реално тој да заврши како нов сопственик на Челзи. Светските медиуми пишуваат дека Абрамович веќе добил десетина сериозни понуди, меѓу кои се издвојуваат оние на турскиот бизнисмен Мухсин Бајрак и американско-швајцарскиот конзорциум предводен од Тод Боели и Хансјорг Вис.
