Актерот Милан Мариќ, наводно, веќе еден месец е во среќна врска со Миa Бјелогрлиќ, млад продуцент и ќерка на актерот и режисер Драган Бјелогрлиќ.
Милан ја запознал Миa за време на снимањето на филмот „Тома“ во кој ја игра главната улога, односно ликот на Томa Здравковиќ, а чиј автор е токму таткото на Миа, Бјела. А искрички меѓу нив се појавиле на една новогодишна забава каде и се зближиле и почнале поинтензивна комуникација.
Милан и Миа се уште не се огласиле и ниту ја потврдиле ниту демантирале врската, за која наводно знаеле само неколку најблиски пријатели.
