Лидија Спасовска за следната година посакува да се снимаат многу нови песни и музичарите да се вратат на нивните настапи. Спасовска за периодот кој следи најавува промоција на петтиот албум.

Пејачката Лидија Спасовска периодов го подготвува петтиот албум. Како што открива за естрадниот магазин Естрада плус, албумот го подготвува скоро две години, а на истиот ќе има 12 убави македонски песни.
-2020-та не пеев многу, последен настап ми беше за 8-ми март и крајот на летото пеев на Тумба Фест. Инаку, цело време бев дома и одвоив време за подготвувањето на петтиот албум, па сега да поминат после Нова Година празниците и после тоа мислам дека се е подготвено за да излезе и да го промовирам. Албумот го подготвувам скоро две години и многу сум задоволна, сега ако имам време, а мислам дека ќе имам, ќе ставам уште две-три песни. Требаше да има 10 песни на албумот, но сакам да бидат 12.-истакна Спасовска за естрадниот магазин Естрада плус.

За следната година Лидија посакува сите да се живи и здрави, а 2020-та да замине што поскоро.
–Да завршат тешките и лоши мигови кои ги имавме годинава, а во 2021-ва година да создаваме нови песни и да се вратиме на нашите настапи-додава Спасовска во интервјуто за ИН ТВ.
