Пејачката Катарина Грујиќ и фудбалерот Марко Гобељиќ веќе некое време се во врска, а според нивните објави, може да се каже дека секој слободен момент го минуваат заедно.

Овој пат Катарина објави фотографија од кревет, а фудбалерот ја бакнува во образ. Очигледно уживаат во нивната љубов, а наскоро ќе патуваат и на Малдивите.
Гобељиќ реши да се израдува на својата девојка со одмор на луксузен остров, па за аранжамнот плати неверојатни 15.000 евра.
„Катарина никаде не планираше да патува поради вирусот, но Марко без нејзино знаење уплати аранжман на Малдивите. Се воодушеви кога слушна дека крајот на годината ќе го помине во топлите краишта“, вели извор близок од парот.

