Пејачката Северина Којиќ ја пријавила адвокатката Жељка Покупец во Хрватската адвокатска комора и бара против неа да подигне постапка поради повреда на Законот за адвокатура и кршење на адвокатската етика.

Имено, Северина пријавата ја доставила до ХОК и како што се пренесува, нејзе и е спорно тоа што пред се како странка на Жељка Покупец, тогашна државна адвокатка во Загреб изнела доверливи поединости од судската постапка со Поповиќ кои ги воделе 2014 година, а сега Жељка Покупец го застапува Милан.
Северина смета дека дека Покупец сега има привилегирана положба и дека треба да го одбие Поповиќ кога побарал да го застапува, со што бара за адвокатката дисциплинска казна.
“Бев шокирана и не можев да верувам дека државната адвокатка која работеше на мојот предмет сега наеднаш се појавува како адвокат која го застапува мојот бивш партнер кого го пријавував“, искоментирала Северина за својата пријава.
