“Наши села да се вратам” е насловот на новата песна од Дуле, повторно посветена на неговиот Рекански крај. Песната деновиве беше претставена во студиото на ИН Продукција во Охрид.

Како што вети на јавноста во неодамнешното интервју за ИН ТВ, Дуле ја претстави неговата нова песна на која што работеше во изминатиот период, а која носи наслов “Наши села да се вратам”. И оваа песна е посветена на Реканскиот крај, а во истата се спомнуваат четири села од овој регион.
Текстот и музиката повторно се на познатиот музичар и композитор Јане Рафаиловски, а аранжманот е на Љупчо Павловски од студио Анастасија, Скопје.
-Готова е мојата најнова песна, драго ми е што имав можност да ја претставам во студиото на ИН Продукција. Голема Благодарност до Општина Маврово-Ростуше кои ми помогнаа во овие тешки моменти, истотака Благодарност за поддршката од господинот Нусрет Салиу кој се наоѓа во Германија. Се надевам дека песната “Наши села да се вратам” ќе и се допадне на публика и се надевам дека ќе уживаат во претстојните празнични денови со убава македонска песна.-изјави Дуле, за естрадниот магазин Естрада плус.

Тој додава дека слободниот период додека нема ангажмани на семејните прослави, ќе го искористи за снимање на нова македонска музика.
