Нејзината душа е во Македонија. 12 годишната Македонка Кајла која живее во Мелбурн, отпеа авторска песна за Македонија.

Без оглед на тоа каде и да се наоѓа низ светот, душата и срцето на секој Македонец, секогаш се во родната земја Македонија. 12 годишната убавица Кајла, потекнува од Македонија, но е родена и живее во Мелбурн, Австралија.
Големата љубов кон нејзиното родно место, таа ја опејува во нејзината прва авторска песна насловена “Душа Македонска” која што ја посветува на Македонија.

Песната е работена од врвни професионалци, текстот го напиша познатиот текстописец Огнен Неделковски, а музиката и аранжманот се дело на Бобан Мојсовски.
“Душа Македонска” беше претставена пред само неколку денови во седиштето, односно студиото на Сателитската ИН Телевизија кое се наоѓа во Мелбурн, Австралија. Видеото е веќе достапно на јутјуб каналот.

Во продолжение погледнете го нејзиниот настап во ИН ТВ и слушнете ја “Душа Македонска” !!!
