Во месец март годинава се одржа за прв пат во нашата земја “Балканска инструментална вечер” чиј виновник за истата таа реализација беше познатиот реномиран маестро Сашко Велков, каде успеа на едно место да ги собере сите познати музички имиња како од нашата земја, така и од соседна Бугарија. Запрашан за тоа дали нашите маестрални хармоникаши се на исто рамниште со соседните музички виртуози, маестро Велков истакнува:

-Зависи како и кој од каде гледа. Музиката е велат многу поискусни луѓе од нас, дека нема крај. Да не ми се налутат математичарите, но велат дека математиката е тешка , јас велам музиката е можеби по два пати потешка. Затоа што ако во математиката се најде решение за било што, мислам дека во музиката не постои така. Зависи кој што обожава и како гледа на работите. Ние сме географски така во таа местоположба и тоа нас не учи да свириме секаков стил. Како што велиме по наше, да шараме. Не ни е тешко да свириме и нивна музика, мислам дека тие нашата малку ја познаваат затоа што не им е толку интересна како што нивната ни е интересна нам. Секој за себеси е на вистинско ниво, истакнува Маестро Велков.
За периодов кој следува Сашко открива дека престојат бројни работни ангажмани, што за него лично што и заедно со групата “Дрим тим” каде што е дел и Сашко.
