“Класико бенд ” бележи настапи надвор од нашата земја

Please follow and like us:
Pin Share

Пред извесен период тиквешкиот “Класико бенд ” реализираа нов видео музички проект со неколку препеани песни особено од тиквешкиот крај. Тие честопати остваруваат вакви проекти чија цел е пред публиката да се истакнат со целиот свој репертоар кој можат да го понудат пред публиката. Покрај тоа што се барани најповеќе во тиквешкиот крај “Класико бенд” остваруваат и настапи надвор од нашата земја.

-Новата година ја дочекавме во Австрија, Виена со нашите македонци. Си поминавме прекрасно. Имаме настапувано во Германија, Минхен поздрав до сите наши пријатели.се надевам , во преговори сме повторно за Германија во блиска иднина, очекуваме само да ни потврдат од таму, истакнува Чеде.

Како што додаваат од бендот посебно доста често се барани песните од тиквешкиот крај пред македонците во дијаспората. Тоа е така поради фактот што голем број македонци од овој регион ги има во дијаспората, па токму ваквите песни знаат да ги погодат многу.

Please follow and like us:
Pin Share