Даниел Јованоски успешно ја гради својата музичка кариера

Please follow and like us:
Pin Share

“Домот мајко да израдувам” е прва авторска песна на младиот Даниел Јовановски кој се одлучи најповеќе од се да ја пее и негува македонската песна. Иако студира на музички факултет тој периодов го има ставено во мирување со цел повеќе да се посвети на музиката но како што вели нема да се откаже од факултетот и ќе го продолжи.

-Ќе се вратам на факултетот да. Планирам да се запишам во Штип. Секако размислувам да се занимавам по професионално со музиката, бидејќи пред тоа јас студирав во Скопје, но испадна прилика за странство и заминав. Сега моментално сум тука и сакам да градам некоја музичка кариера. Моментално тоа се моите планови. Сакам да се вратам на студиите но ќе видиме како ќе испадне тоа, истакнува Даниел.

Тој својата нова песна ја промовираше во ИН продукција а најави и дека ќе снима видео запис за истата песна.

Please follow and like us:
Pin Share