Она што најповеќе го работи со љубов е музиката

Please follow and like us:
Pin Share

Иако има само 19 години, младиот Божидар Николовски од Битола има богато искуство пред јавни настапи било тоа да биде во музичките води или пак во водителството. Тој посебно се осврнува кон забавната музика каде има зад себе две нови авторски песни, каде за едната има снимено и видео запис. На прашањето каде повеќе се пронаоѓа, Божидар одговара:

-Тоа е многу тешко прашање. Неожам да одберам кое беше потешко но со сигурност можам да кажам кое го работам со повеќе љубов, а тоа е дефинитивно музиката, истакнува Божидар.

Со оглед на годините кои ги има Божидар и неговите бројни работни ангажмани, тој за разлика од своите врсници има многу малку време. Неговиот ден е исполнет со многу повеќе ангажмани, работа и како што самиот вели стрес.

-На почетокот не им беше јасно. Што јас толку правам? Зошто немам слободно време, зошто неможам во некои денови да излезам со нив, да испијам кафе или петок, сабота како сите млади јас сакам но моите работни обврски во поголемиот дел од времето можам да речам дека не ми го дозволуваат тоа, бидејќи навистина сум премногу натрупан со различни ангажмани. Посетувам и часови по соло пеење, се надоградувам музички и сето тоа ми одзема голем дел од слободното време, но со текот на времето како поминуваше и како ги гледаа тие крајните резултати па коментираа. Сега веќе мислам дека стануваат свесни зошто јас немам слободно време, истакнува Божидар.

Во периодов кој следува Божидар најавува нова песна а не ја исклучува и можноста за обработка на некој кавер од забавната музика, она што најповеќе му лежи.

Please follow and like us:
Pin Share