“За Велигден” буди големи емоции кај сите македонци да дојдат во родната земја, истакнува Ѓоко Јовиќ

Please follow and like us:
Pin Share

Мега популарниот Ѓоко Јовиќ во своето екслкузивно интервју за ИН телевизија од Австралија открива како настанала неговата голема хит песна која ја пласираше на почетокот на оваа година а која носи наслов “За Велигден”. Тој открива дека доцна во ноќта го добил текстот за песната и веднаш станал да ја пишува музиката.

-Тоа беше еден момент . Една случајност. Еден мој многу добар другат, Александар Стефановски ми прати текст во многу доцни часови и мене текстот веднаш ми побуди некој емоции кои што ме натера веднаш да станам некаде околу 3, 4 изутрина. Станав, мелодијата ја направив од прва, така ме понесе. Така да таа ми е една од моите не да кажам омилени песни, тоа ми е една од моите песни кој што навистина ги чувствувам кога сум надвор од дома, истакнува Ѓоко.

Песната по изработката на видео записот од страна на ИН продукција , експресно допре буквално до сите наши гледачи кои нималку не останаа рамнодушни особено кај оние кај кои најповеќе погодуваат зборовите од текстот,а најповеќе во Австралија.

-Песната е доста добро, барем за мене. Веќе имам и добри позитивни критики од ои роднини и пријатели и од нашинците кои што се надвор од Македонија, кој што веќе гледам и во коментари и во пораки ми ја споделуваат песната и на самото тоа што ќе го напишат пишуваат дека песната им побудила добри чувства и ги натерало за Велигден да се вратат во Македонија. Тоа за мене е нешто што навистина допира до мене и мојата желба во смисла што сум сакал песната да излезе, таа излезе во тој правец, така да останува уште повеќе публиката да ја дознае и да ја пее, додава Ѓоко.

Паралелно пред заминувањето на Ѓоко со “Енерџи бенд” на нивната австралиска турнеја тие издадоа уште еден видео запис во соработка со ИН продукција за песната “Стојне, мома на чорбаџи Стојана” која истовремено и оваа песна си го пронаоѓа своето високо место по гледаност и слушаност на видео записто кај публиката.

Please follow and like us:
Pin Share