“Класико бенд” со нов музички проект

Please follow and like us:
Pin Share

Деновиве познатиот тиквешки бенд “Класико” во соработка со ИН продукција одработи нов музички и видео проект со познати кавери од македонскиот мелос. Момците од бендот се задоволни од сработеното и очекуваат овој проект добро да биде прифатен од страна на музичкиот аодиториум. Во рамките на неколкуте кавер сплетови се јавува и младата Ангела Стефковска која веќе подолго време бележи соработка со бендот.

-До идејата дојдовме така што ние започнавме со негување на македонската песна и секако тука не застануваме, продолжуваме и понатаму со изработки на македонски песни препеани, барани од страна на публиката во Европа и надовр во дијаспората. Ние продолжуваме, не застануваме тука ќе ја негуваме и понатаму македонската песна и македонската музика, истакна Чеде, член на бендот.

Посебен акцен во овој најнов проект момците од “Класико бенд” осврнуваат на песни кои се изворни од тиквешкиот регион  и кои што се најповеќе пеани и барани токму во овој крај, од каде што доаѓа и овој бенд.

-Ние сите потекнуваме од тиквешкиот регион па пред се најпрво ја негуваме тиквешката песна. Далеку од тоа дека не ги свириме и другите песни, но пред се тука ни е коренот , тука сме израснати во тиквешијата па продолжуваме понатаму со тоа, додава Чеде.

“Класико бенд” опстојуваат цели пет години на македонската музичка сцена а веќе трета година како женски вокал со бендот се појавува и младата Ангела Стефковска. Покрај неколкуте сплетови од македонски песни во пеорктот се отпејуваат и песните “Ај што мерак имам бабо”, “Сине мој”, “Сплет од тиквешки песни”, “Што је чудо станало”.За брзо време ќе биде промовиран новиот видео проект на бендот каде гледачите на Ин ќе имаат можност да го погледнат.

 

Please follow and like us:
Pin Share