Благојче Стојановски Туше оваа година ја започна со голема австралиска турнеа. При неговото гостување во ИН продукција имаше шанса да ни одкрие повеќе детали околу турнеата и неговите настапи. Благојче новата година ја започна во австралија со голем број настапи. Тој само што заврши со настапите во австралија диреткно замина за Шветска каде тој беше поканет од страна на друштвото Гоце Делчев да настапи како специален гостин за денот на жената.
-Бев Австралија за нова година каде имав настапи и приватни забави,требаше да се вартам пред 8-ми март. Пред да стигнам во Македонија бев поканат како гостин од страна на друштвото Гоце Делчев да настапувам во Шведска за денот на жената. Така испадна летот од Скопје директно да заминам за Шветска каде останав само два дена.
Благојче изјави дека е презадоволен од турнеата со која ја започна новата година. Тој исто така изјави дека оваа година за него ќе биде богата со настапи.
