По неодамнешното гостување во ИН продукција Ангел Стојкоски имаше шанса да ја промовира неговата нова песна насловена “Моја Јована”. После промоцијата на неговата песна Ангел ги припрема плановите за велигденските празници. Тој планира летниот период да го посвети на крштевки, веридби и такви други манифестации.
-По големиот верски празник велигден започнуваат моите нови агенди. Велигден како празник ги најавува нашите следни настапи а после празникот со полна пареа се спремаме и започнуваме со летниот период кој ќе биде посветен за крштевки, свадби и други манифестации.
По промовирањето на неговата песна Ангел изјави дека во план е снимање на видео запис за истата,а покрај тоа тој планира и нови песни за во иднина.
