Саксофонистот Ице Атанасовски за Дочекот на Нова година е ангажиран во Германија. Тој вели дека веќе се е подготвено за ова патување, кадешто ќе биде заедно со негови колеги од македонската естрада. Ице додава дека во најскоро време ќе го промовира и новиот албум.
Познатиот саксофонист Ице Атанасовски веќе резервиран за Дочекот на најлудата ноќ. Ице при неодамнешното интервју ни откри дека за Новогодишните празници е работно ангажиран во Германија.
-Да, резервирано е веќе се. Јас ќе настапувам во Германија со мои драги колеги и една колешка. Ќе оставиме за малку подоцна да откриеме за кои музичари станува збор и како ќе се одвива целата работа.-истакна Ице, за естрадниот магазин “Естрада плус”.
Атанасовски вели дека е подготвен и неговиот албум, кој што ќе биде промовиран за скоро време, а најавува и неколку видео записи за следниот период.
-Да, албумот е веќе спремен и сега можам да најавам спотови со ИН Продукција веќе е договорено и за скоро време ќе имаме спот. Видео ќе добијат две мои авторски дела, но нема сега да откријам за кои.-додава тој.
Инаку, Ице беше дел од екипата со познати македонски музичари кои направија спектакуларна забава во дискотека Палма, Швајцарија по повод 20 години успешна работа на менаџерот Хари Сековски.