Енрике разменува бакнежи и страсни допири со обожавателка

Please follow and like us:
Pin Share

Енрике Иглесијас и Ана Курникова ретко и дозволуваат на јавноста да ѕирне во нивниот приватен живот. Славниот пејач сподели видео во кое се забавува со малите близначиња Николас и Луси.

Во видеото, тој ги учи како да испуштаат звуци со устата додека се лулаат на лулашка.

Претходно, беше објавено видео во кое 43-годишниот пејач си разменува бакнежи и страсни допири со обожавателка на сцената среде концерт додека ја пее песната „Hero“.

Во 2010 година, Енрике ја објасни навиката да бакнува фанови на концерти. „Едноставно се возбудувам кога сум на сцената. Не го правам постојано. Треба да сум во добро расположение“ – рекол тој.

Ана и Енрике се во врска 17 години.

Please follow and like us:
Pin Share