
Поради оправдани причини најавуваната австралиска турнеја за престојниот период од групата “Тандеми” и Оливера Василевска се одложува за понатака.
Како што информираат организаторите на турнејата таа сепак ќе се одржи но не во периодот за кога што беше најавувана , декември и јануари.
Неколку концерти беа веќе распродадени но менаџерите нјавуваат соодветна замена за сето тоа.
Периодот кога ќе биде нивната турнеја за Австралија ќе биде дополнително соопштен.