![tajzi](https://estradaplus.com/wp-content/uploads/2018/11/tajzi.jpg)
Викендов македонскиот поп пејач Тајзи остана без својот багаж на скопскиот аеродром.
Имено, при неговата кратка турнеја со останатите пејачи од македонската естрада, на летот за Швајцарија, при рутинската пасошка контрола на аеродромот, набрзо дојде до интервенција од страна на вработените на аеродромот.
При пренесувањето на куферите во авионот дојде до самозапалување на багажот од Тајзи. Во него имало некој гел, кој поради сплетот на околностите довело до тоа , по што му се оштетија и останатите работи кои беа во багажот. Набрзо беше реагирано од страна на службите во аеродромот, по што Тајзи го продолжи летот ,но со најнеопходното од багажот и тоа спакувано во црна најлонска кеса која му беше дадена од аеродромот.
Тајзи речиси остана без својата облека која ја имаше предвидено за настап во дискотеката “Палма” во Швајцарија. Поводот за неговто патување во Швајцарија беше јубилејниот концерт на македонскиот менаџер Хари Сековски, кој ја собра целата македонска елита на едно место во Швајцарија. Дел од тоа беше и екипата на ИН продукција, кој бевме сведоци на оваа немила случка на нашиот Тајзи.
И покрај тоа Тајзи ноќта блесна во прекрасно издание на бела кошула и пантоли со елек одозгора а повеќе од тоа направи и незаборавна забава пред присутните во дискотеката. На враќање Тајзи беше со пристоен багаж кој беше полн. По се изгледа дека се поднови со нова облека од Швајцарија.