Дамјан Стојаноски задоволен од настапот на годинешниот Роса Фест. Тој вели дека добил низа позитивни коментари од публиката, но и од неговите колеги и музички соработници.
Дамјан Стојаноски настапи на годинешното издание на реномираниот фестивал Роса Фест, со песната “Мајко Чекај ме”. При неодамнешното интервју тој меѓудругото истакна дека одлично поминал на фестивалот и дека е презадоволен од реакциите и коментарите на публиката.
-Таму поминав убаво, се пееше во живо на матрица. Задоволен сум од настапот, а пред се задоволен сум од реакциите на публиката, па за понатаму ќе видиме.-вели Стојаноски.
Засега, како што вели не планира да настапи на уште некој фестивал, но со сигурност може да каже дека во следниот период ќе објави нова песна. Дамјан при интервјуто ја најавува и големата Австралиска турнеја во месец март која што ќе ја оствари заедно со Влатко и Златко Миладиноски. Тој во Австралија ќе оди по втор пат, откако веќе оствари една успешна турнеја пред нашите македонци во оваа далечна земја.
-Па не, сега засега не планирам да настапам на фестивал. Она што со сигурност можам да го кажам е тоа дека ќе има уште некоја песна за скоро време. Следува и турнеја во Австралија.-открива младиот пејач.
Дамјан во соработка со ИН Продукција, деновиве сними спот за песната “Мајко Чекај ме”. Снимањето се одвиваше во живописните предели со коишто изобилува селото Букојчани, Кичевско, од каде што и потекнува неговата фамилија.