Прекинато снимањето на новиот спот од Благоја Грујовски поради банален инцидент

Please follow and like us:
Pin Share

На денешното снимање на видео записот  на Благоја Грујовски за неговата песна “Сон печалбарски” посветена за општина Жупа, каде што и впрочем се снимаше спотот исчезна дронот од ИН продукција.

Имено, при снимањето во месноста Мал Папрадник  кај селската чешма, дронот беше заборавен од екипата на ИН продукција во непосредна близина додека се обавуваа работните обврски при снимањето. По кратко време од страна на екипата е увидено дека го нема дронот, по што веднаш беше воспоставен контакт со локалното население , но засега нема никаква трага.

Случајот веднаш е пријавен во полиција од каде се превземаат соодветни мерки за пронаоѓање. Снимениот материјал од видео записот на Благоја Грујовски остана во дронот, а снимањето ќе продолжи наредните денови.

Please follow and like us:
Pin Share