Даниел Божиноски : Добивам одлични коментари за орото “Дандо Са са”

Please follow and like us:
Pin Share

Даниел Божиноски е задоволен од коментарите кои ги добива за неговото ново музичко дело, орото “Дандо Са са”. Тој при гостувањето во ИН Продукција ни откри дека кум на орото е познатиот фолк пејач Спасен Силјаноски, кој  ја направи и музиката за ова инструментално дело.

Деновиве саксофонистот Даниел Божиноски го промовираше спотот за неговото најново инструментално дело, орото “Дандо Са Са”. Даниел гостуваше во емисијата “Наша сцена” при што истакна дека по објавувањето на видеото, добил бројни позитивни коментари од публиката, но и од колегите и музички соработници.

-Реакциите беа одлични, задоволен сум од тоа како помина снимањето, презадоволен сум од видеото. И моите најблиски се задоволни и нив им се допадна.-вели Даниел.

За аранжманот се погрижи познатиот музичар Златко Миладиноски, а музиката е дело на фолк пејачот Спасен Силјаноски кој воедно е и кум на орото. Даниел меѓудругото, во интервјуто ни открива зошто орото е насловено “Дандо Са Са”.

-Епа тоа е малку чудно, затоа што така ми е прекарот, Дандо, па така испадна да се вика орото, Спасен го крсти така.-додава младиот музичар.

Инаку, Даниел има добра соработка со бројни музички имиња од македонската естрада, а како што вели најчесто настапува со Дамјан Стојаноски, Спасен Силјаноски, Христијан Тришоски и многу други.

Во продолжение погледнете го видеото кое го изработи ИН Продикција !

Please follow and like us:
Pin Share