
Покрај редовниот одмор на охридско-струшката ривиера и кратко одмарање на некоја приморска плаза во соседството фолк легендата Наум Петрески не ја пропушта нималку и далматинската област. Речиси е постојан гостин и на оваа ривиера каде буквално знае и тоа како да ужива во сите нејзини благодети.
-Одам секоја година. Од Опатија до Дубровник, тоа ми е релација секогаш за нуркање, риболов, дружење. Имам доста пријатели таму. Ги користам тие последни зраци на сонцето, октомври за да прошетам натаму. И со моето нуркачко друштво Амфора , се подготвуваме повторно да одиме накај Дубровник и Цафтат. Значи октомври ни е дестинација на која обавезно одиме на 5-6 дена, истакнува Наум.
Причината поради која намамува овој предел како што вели Наум за да се оди таму се преубавите работи особено во подводниот свет кој се крие во Јадранот. Би рекол подводни музеи. Многу убави места, амфори, потопени бродови. Штом Роман Абрамовиќ ја држи јахтата во Цафтат се знае, ништо не е случајно, а и тој нурка заедно со нас,додава Наум.
