Мартин Стојаноски соработува со голем број музички имиња

Please follow and like us:
Pin Share

Мартин Стојаноски соработува со бројни музички имиња од македонската сцена. Тој ги издвојува неговите успешни настапи со Влатко Миладиноски и група Интермецо, Далибор Ѓошиќ, Елена Јовческа и многу други.

Важи за музичар кој има одлична соработка со повеќето групи и пејачи од македонската естрада. Мартин Стојаноски при гостувањето во емисијата Промо ни откри дел од неговите музички соработници.

-Последно имав соработка со Влатко Миладиноски и група Интермецо. Тоа беше навистина прекрасно искуство, прекрасно си поминав со нив. Претходно бев со Далибор Ѓошиќ. Имав убава и успешна соработка со Влатко и Далибор, па се надевам дека и тие беа задоволни. Најтазе со нив, а инаку сум соработувач со доста музичари од естрадата. Од пејачките ќе ја издвојам соработката со мојата сонародничка од Прилеп, Елена Јовческа, потоа Сања Ристеска, Снеже Радичевска.-истакна Стојаноски.

Покрај тоа што Мартин води соло кариера, во моментов има оформено и свој бенд со кој за следниот период имаат неколку поголеми планови.

-Нашиот бенд е оформен сега скоро, во иднина планираме да снимиме нешто заедничко, односно некои кавери, а планираме на бендот во најскоро време да му ставиме и име. Планираме да снимиме авторско оро, па името ќе биде онака како што ќе биде насловено орото.-вели тој.

Инаку, Мартин деновиве во ИН Продукција ги промовираше најновите кавери, а станува збор за песни кои се доста барани од публиката на неговите настапи.

 

Please follow and like us:
Pin Share