По Хрватска, Опра Винфри одморот го продолжи во Црна Гора

Please follow and like us:
Pin Share

Опра Винфри изминатите денови уживаше во Дубровник, а вчера пристигна во Црна Гора. Познатата

американска водителка со пријателите стигнала во Црна Гора со луксузната јахта на италијанскиот бизнисмен Џанкарло Џамети, а во нивно друштво се и модната дизајнерка Дајан вон Фустеберг и новинарката Гејл Кинг. Винфри на Инстаграм објави фотографија и видео од островче кое се наоѓа во близина на Пераст.

„Се разбудив за да го видам изгрејсонцето на ново место. Поздрав Црна Гора“, напиша Опра на Инстаграм.

Please follow and like us:
Pin Share