
И покрај тоа што добар период живееше во далечната Австралија, изминативе девет години откако е вратен во родната Битола, отишол само 4 пати на кратка турнеја. Борче Наумоски Министерот честопати знае да ја помине границата од нашата земја и да настапи онаму каде што е баран.
-Одиме низ Европа. Европа ни е да кажам викенд релација , затоа што се блиску, Франкфурт, Виена, Малме, Трелеборг и Америка малку од поодамна не сум бил но ќе има можност во некоја наредна прилика, истакнува Борче.
Сепак со оглед на понудата Борче гледа да излезе во пресрет насекаде каде што ќе биде побаран и да ја пренесе македонската песна надвор од нашата земја.
