Петар Маркоски, за естрадниот магазин Естрада плус ни раскажа како започнала неговата музичка кариера.

Петар Маркоски важи за доста млад, но и успешен музичар кој покрај прекрасниот глас кој што го поседува, долги години веќе свири и виолина. Тој во емисијата “Промо” ни откри дека неговата музичка приказна започнала од неговата 7-годишна возраст, кога неговата баба го запишала во Основното музичко училиште “Методи Патче” во Охрид.
-Голема желба беше на мојата баба, таа ме запиша во музичкото училиште нејзина желба беше инструментот виолина. Ми требаа неколку години да сфатам дека тоа ќе ми прерасне во голема љубов. Доста бев успешен како соло виолинист, освоив неколку награди на Државно ниво, кои ми беа голем поттик за понатаму. Па оттаму започна целата љубов. Најпрво започнав со класика, па кога се запишам во средното училиште направивме бенд и почнавме да свирими и странска музика, забавна македонска. Сето тоа се одвиваше континуирано и секој нов чекор кој го преземав за понатака само ми даваше уште поголем поттик за нешто повеќе.-раскажа Петар, при гостувањето во ИН Продукција.

– Во 2009-та заедно со мојот бенд се одлучивме да учествуваме на Охрид фест за првпат со песната “Барам утеха”. Тоа беше многу значајно за мене затоа што во дебитанската вечер успеавме да го освоиме второто место од публиката. Тоа беше прекрасно чувство бидејќи имаше премногу публика, а со оглед на тоа што фестивалот се одржува во Охрид, во пубиката имаше и многу наши пријатели.-додава Маркоски.
