Преку ИН телевизија дознаваме за новостите во македонската музика, вели познатиот музичар Љупчо Попоски

Please follow and like us:
Pin Share

ИН тв е доста гледана во Австралија па нашинците во оваа далечна земја се повеќе своите информации од родната Македонија  ги дознаваат токму преку овој голем музички промотор, е ставот на Љупчо Попоски кој долги години живее и работи во далечната Австралија.

-Тие ги следат настаните што се случува тука, благодарејќи на ИН тв. Македонската музика е таа. Има помодерна, се оформува некој друг бран на нашата народна музика. Колку е тоа добро незнам, можеби е лошо но да има музика за сечиј вкус. Да не се излезе премногу надвор од тој контекст. Ако биде македонски фестивал, нека биде македонски фестивал, значи да не избегаме од тоа. Инаку многу е слушан и Наум со сите негови нови песни, истакнува Љупчо.

Притоа, како што додава Љупчо потребно е да се внесува новина во македонската песна, без разлика од каков вид е таа со оглед на тоа што на некој начин со тоа ќе бидат задоволени сите вкусови на публиката.

Please follow and like us:
Pin Share