Зад себе има голем број песни кои за кратко време постануваат големи хитови и се доста барани кај младата популација. Спасен Силјаноски работи и на нов материјал со кој што за скоро време ќе ја изненади публиката.

“Мајка сина прашува”, “Ќе ти дојдам вечер”, “Давам една лира” се само дел од хитовските рефрени на Спасен Силјаноски, кои што за краток период постигнаа голем успех. Радува фактот што младата публика одлично ги прифаќа, ги бара и ги сака неговите песни, што е доволен показател за неговата успешна работа.
-Јас барам нешто кога го компонирам македонското, гледам текстуално и аранжмански некако да се доближам до младата популација и ритмички да има нешто што ќе ја задржи онаа македонска музичка линија, но да се допре до младата популација. Мислам дека со песната “Ќе ти дојдам”, допревме, но мислам дека не е доволно. Допревме во една област, во Западна Македонија, но сепак моите амбиции кои сакам да ги постигнам се уште поголеми.-истакна Спасен при неговото гостување во ИН Продукција.

Спасен во моментов подготвува нови песни кои што ќе се најдат на неговиот албум, кој треба да излезе до крајот на годината. Тој во емисијата “Промо” ни откри дека специјален гостин на цд-то ќе биде Џељо Дестановски со неговите дувачки инструменти.
