Елена Јовческа поим за македонска фолкерка со природна убавина

Please follow and like us:
Pin Share

Фолкераката Елена Јовческа има со што да се пофали но и гордее. Покрај нејзиниот глас таа има и прекрасен природен стас. Тоа впрочем го докажуваат и нејзините бројни фанови на социјалните мрежи кои јавно и даваат комплименти за нејзиниот изглед, кој е потполно природен без никакви додатоци.

Со право може да се каже дека засега оваа млада прилепска убавица нема никакви корекции на нејзиното тело, а тоа го потврдува и самата таа. Фотографиите ги докажуваат и фактите за беспрекорниот изглед на Елена која во периодов е најповеќе работно ангажирана на бројни приватни и јавни веселби низ цела Македонија.

Елена открива дека веќе е работно ангажирана за Нова година во Канада, каде ќе биде дел од тамошните прослави со нашинците од оваа земја.

Please follow and like us:
Pin Share