Здравко Чолиќ го наполни Пулскиот амфитеатар

Please follow and like us:
Pin Share

Здравко Чолиќ по шест години го наполни Пулскиот амфитеатар. Пред десетилјадната публика покрај песните од новиот албум, пејачот на големо задоволство, особено на женскиот пол, испеа и некои од своите постари хитови.

Пречекан со овации, Чолиќ, кој веќесе приближува кон седмата деценија од животот, речиси три часа непрекинато танцуваше и пееше и покажа дека е во врвна форма.

Во бел костум, Чолиќ го отвори концертот со неговиот познат хит „Продужи даље“. Публиката уживаше и во неговите стари хитови „Певам дану, певам ночу“, „Ти си ми у крву“, „Пушти, пушти моду“.

„Човече, па тој не старее. Ние сме исто годиште, а Чола изгледа безвременски“, беше еден од коментарите на обожавател присутен во публиката.

Please follow and like us:
Pin Share