Фолк пејачката Елена Велевска деновиве е топ тема, како во медиумите така и во чаршијата. По десет години брак, таа реши да стави крај, како што таа вели на семејното насилство. Додека новинарите се обидуваа да стапат во контакт со нејзе таа молчеше, но бидејќи работите отидоа предалеку, Велевска реши да проговори околу целата ситуација.
Во ексклузивното интервју за естрадниот магазин “Естрада плус”, Елена отворена како никогаш до сега одговори на сите прашања кои ја “мачат” јавноста. Во продолжение погледнете го ексклузивното интервју со кое Велевска ја завршуваа таа тема.
