“Во Македонија квалитетот за музика никогаш не недостасува.”-ова го истакна гитаристот Александар од Оркестар Маестрал од Битола, при гостувањето во ИН Продукција. Од Оркестарот имаат и позитивен став за препејувањето на старите македонски хитови.

Оркестар Маестрал од Битола неодамна беа гости во емисијата Промо, каде што со гледачите го споделија нивното мислење за македонската естрада. Тие велат дека нашата земја изобилува со квалитетни пејачи и музичари.
-Во Македонија квалитетот никогаш не недостасува, тоа можам слободно да го кажам. Отсекогаш, оддамнина па до денес. На младите бендови им останува малку да се загрижат за македонската музика да ја негуваат малку повеќе. Се разбира, нови трендови доаѓаат, тоа е неминовно. И ние повозрасните бендови ќе си продолжиме со македонската музика. Ќе има некоја основа и каде да се надоградат и следните бендови кои што ќе доаѓаат. Не смееме да дозволиме македонската музика да згасне, во никој случај.-истакна Александар, гитарист во Оркестар Маестрал.

Според нив во ред е да се препејуваат старите македонски песни од страна на помладите пејачи бидејќи на тој начин истите се зачувуваат и стануваат поблиски на младата популација.
-Тоа е добро во секој случај, бидејќи старите снимки биле од тоа време, а сега со нова технологија, нови изведби, нови аранжмани. Тие изведби се за на младите слушатели да им бидат повеќе достапни. Се е добро само да продолжи да се негува македонската музика.-додава тој.
Инаку, Маестралци на први август одржаа спектакуларен концерт во Битола со кој што одбележаа 30 години постоење на македонската естрада, а деновиве ги прават последните подготовки за престојната турнеја во Америка.
