
По ноедмнешниот одржан извонреден концерт на Марјан Коцев, насловен како “Сите мои песни”, тој најавува новитет на музички план. Исто така во периодов кој следи најавува и бројни работни ангажмани со настапи во нашата земја.
-Засега во летниот период сме тука. Сите печалбари ни се враќаат во нашата земја. После Велигденските пости сме со настапи тука во Мкаедонија. Некаде, можеби до крајот на годината може да има нешто но засега ништо конкретно. Продолжуваме со сите семејни веселби и нормално ќе снимам и некоја песна и планирам настап на “Роса” фестивалот, истакнува Марјан.
Марјан минатиот месец одржа јубилеен концерт на кој како специјална гостинка беше Анета Мицевска од групата Молика и стандардниот бенд со кој Марјан настапува, “Дрим тим”.