Влатко Миладиноски презадоволен од неговиот најнов проект

Please follow and like us:
Pin Share

Влатко Миладиноски презадоволен од неговиот најнов проект. Според него, проектот помина доста забележително кај јавноста. Премиерно во емисијата Естрада плус, Влатко го промовира најновиот видео запис за песната “Ај да ојме Јано”, која потекнува од Пиринскиот дел на Македонија.

Влатко Миладиноски беше гостин во ИН Продукција. Тој при неговото гостување истакна дека е презадоволен од гледаноста на неговиот најнов проект кој го промовираше неодамна.

-Проектот помина прекрасно, забележително што е најбитно меѓу народот. Како и секогаш со ИН Продукција, на едно прекрасно место Етно село Долија-Кучково. На едно прекрасно време, не послужи денот беше навистина прекрасен. Гости ми беа моите најблиски музички соработници. Дел од проектот беа околу 9-10 мои песни и две инструментални ора од мојот брат.-вели Миладиноски.

Покрај Велигденскиот проект, Влатко сними и видео запис за една прекрасна народна песна од Пиринскиот дел која носи наслов “Ај да ојме Јано”.

-Па веќе е готов и ќе го промовираме спотот за најновата песна Ај да ојме Јано. Една убава, народна песна од Пиринскиот дел на Македонија овојпат.-додава пејачот.

Кога станува збор за настапи, Влатко ни откри дека агендата е веќе полна и дека периодов покрај во нашата земја, има голем број ангажмани и во Европските земји.

 

Please follow and like us:
Pin Share