Периодов преполн со ангажмани за Медиум бенд

Please follow and like us:
Pin Share

Голем број ангажмани периодов имаат момците од Медиум бенд. Претстојниот период ќе направат пауза од снимања и ќе се сконцентрираат на нивните настапи, бидејќи нивната агенда со свадби и прослави е скоро полна. Накај месец октомври планираат да го објават нивното цд.

Младите момци од Медиум бенд имаат голем број настапи низ земјава, најчесто на фамилијарни прослави. Тие се надеваат дека за скоро време ќе имаат можност да заминат и на турнеја во странство.

-Најчесто настапуваме на приватни веселби, повеќе по свадби. Се надеваме дека во скоро време ќе имаме и турнеи, за да може и публиката која е во странство, а кои не следат на фејбук, да не виде и да не слушне.-истакна Зоран, еден од членовите на бендот.

Како што ни откриваат од бендот, досега имале неколку настапи во Австрија и Германија, а веќе се во преговори за Швајцарија. Во моментов подготвуваат нова песна, а откако ќе се сними таа песна планираат да направат пауза од снимања бидејќи им започнуваат големиот број ангажмани.

-Веќе подготвуваме уште една песна која е скоро готова. Сега малку ќе направиме пауза од снимање, затоа што почнуваме повеќе со работа и настапи. Ќе има повеќе свадби, па некаде накај октомври месец планираме да издадеме и цд.-додава тој.

Тие деновиве во соработка со ИН Продукција снимија видео проект, а станува збор за сплет од свадбарски песни, една авторска песна и едно оро.

Please follow and like us:
Pin Share