Влатко: “Простими мајко, простими” ја постигна посакуваната цел

Please follow and like us:
Pin Share

Она што го очекував од таа печалбарска песна го добив, вели Влатко Алексовски во поглед на печалбарската песна “Простими мајко, простими”. Тој додава дека песната е доста барана , особено од иселениците во дијаспората, а преку неа се доловува една слика што скоро секој печалбар ја доживеал.

-Овие песни печалбарски кога се слушаат или се гледа преку спотовите, се топли душата на македонецот, па токму и преку оваа песна е опеана една реална приказна, на еден нашинец кој што отишол на гурбет во далечина. После долги години се враќа во родната грутка. Времето си го сторило своето, неговата мајка го пречекува, но видно остарена, изменета, веќе не може да се препознаат. Тука има многу сцени, излив на емоции. Посебен театарски шлагорт му дадоа глумците , како специјални гости на видеото, така да она што го очекував го добив, истакнува Влатко.

Во периодов како што најавува Влатко, работи на нов албум кој планира да излезе при крајот на летниот период околу месец август. Од него има снимени четири готови песни, а другите се во подготовка.

Please follow and like us:
Pin Share