Медиум бенд снимија видео проект

Please follow and like us:
Pin Share

Прв видео проект снимија момците од Медиум бенд во студиото на ИН Продукција. Станува збор за една авторска песна и оро, како и свадбарски сплет од македонски познати песни.

Младите момци од Медиум бенд снимија видео проект. Тие при гостувањето во ИН Продукција истакнаа дека ова е прв проект за нив, а станува збор за сплет од свадбарски песни.

-Сега промовиравме свадбарски микс, првата песна е од Влатко Миладиноски, другата е народна, значи сплет од 5 песни. Се надевам дека ќе им се допаднат на гледачите и ќе уживаат во свадбарскиот сплет.-вели Зоран, еден од членовите на бендот.

Покрај сплетот, тие ја промовираа и нивната најнова љубовна песна со наслов “Немој да се враќаш”, како и едно оро.

-Песната се вика Немој да се враќаш, композитор на песната е Никола Ѓеоргиев, снимена во студио кај Александар Ѓорѓевиќ во Кавадарци. Песната повеќе е љубовна, значи не е весела.-додава тој.

Бендот постои околу 7 години на македонската естрада, а се состои од 5 членови.

Please follow and like us:
Pin Share