Снимање нов материјал за следниот период најави Гоце Костоски-Пејак

Please follow and like us:
Pin Share

Гоце Костоски-Пејак најави снимање на нов материјал за следниот период. Покрај негови ора и чочеци, ќе има и нови песни за нашите естрадни уметници.

Композиторот и музичар Гоце Костоски-Пејак, неуморно работи на снимање нов материјал како за нашите познати музички имиња од македонската естрада, така и за него. Тој за следниов период најавува нови ора и чочеци.

-Покрај тоа што работам за нашите музички имиња, кога имам слободно време во студиото, тука и ќе го поздравам мојот колега кадешто нон стоп работам последниве 7-8 години, Славко од “Pro sound” студио, со кого сме блиски и го имаме тоа што треба да го имаме како тон. Ново ќе има сигурно мои нови работи, јас секогаш наоѓам време барем за едно ќе снимам било како колку да обновам, затоа што имам многу ора. Имам над 70 мои авторски ора и чочеци. Некои од нив дури и не се промовирани, а се снимени пред 10 години така да ќе има нови работи од моја страна  и сигурно за нашите пејачи и пејачки нови песни, за кои се надевам дека ќе бидат прифатени од публиката.-додаде тој при гостувањето во емисијата “Промо”.

Гоце се потпишува како комплетен автор и на најновата песна од фолкерката Сања Ристеска, “Македонијо не те даваме” која наиде на позитивни коментари од јавноста.

Please follow and like us:
Pin Share