Елена Јовческа подготвува нова дует песна. Таа работи и на својот петти албум, кој треба да излезе до крајот на годинава.

Покрај големиот број ангажмани и настапи, фолкерката Елена Јовческа наоѓа време и за снимање нови песни. Таа при гостувањето во емисијата Промо ни откри дека овојпат подготвува дует песна.
-Да, спремам уште една песна која ќе биде дует, меѓутоа немам уште одлучено со кого ќе го снимам. Имам еден естраден уметник на ум, но здравје, ќе видиме. Тоа е нешто што ќе се случува тука во Македонија.-истакна познатата фолкерка.

Елена вели дека има уште една убава идеја, која ќе биде нешто поразлично од она што досега го работи.
-Во моментов имам една многу убава идеја, незнам дали ќе се реализира. Знаете дека секогаш кога ќе кажам некоја идеја, тоа е нешто убаво, затоа што кога размислувам нешто да направам, правам тоа да биде ново и поразлично. Овојпат се надевам дека ќе биде така, меѓутоа не сум 100 % сигурна да кажам дека се реализира нештото, наредниот пат кога ќе дојдам во емисија ќе можам да кажам дефинитивно дали ќе се случува ново кај Елена Јовческа или ќе продолжам со истото темпо тука во Македонија.-додава таа.
Таа во моментов го подготвува и нејзиниот петти албум по ред, на кој е планирано да има околу 12 нејзини песни. Се надева дека истиот ќе биде готов до крајот на 2018-та година.
