
Наташа Беквалац, која се породи пред само месец и половина, вчеравечер претрпела физичко насилство од страна на својот сопруг Лука Лазукиќ. Позната пејачка во станот била со својата дадилка и
ќерката Катја, која ја доби во бракот со Лука. Како што неофицијално се дознава, сопругот во нејзиниот стан во Дедиње, прво ја удрил со тупаница во лицето, а потоа ја шутирал во телото.
До насилството дошло кога Лука рано изутрина се вратил пијан од кафеана и легнал покрај Наташа. Таа се разбудила и во неговиот телефон пронашла љубовни пораки, по што избила караница, а потоа Лука и физички ја нападнал пејачката. По нападот, Наташа побарала помош во Ургентниот центар и случајот го пријавила во полиција, која пристигнала во нејзиниот стан, но, за жал, не го пронашла агресивниот Лука.