ИН продукција со своја екипа на големата австралиска турнеја со Наум Петрески

Please follow and like us:
Pin Share

Големата најавена турнеја на фолк легендата Наум Петрески во Австралија е веќе распродадена. Според информациите дел од повеќето концерти кои се закажани се веќе распродадени, како првиот кој треба да

биде на 19-ти мај во Мелбурн и познатиот Охридски бал. Исто е и во другите градови од Австралија каде се бара карта повеќе , а до која може да се дојде исклучиво преку познатство и пријателство.

Предвидени се бројни настапи на оваа турнеја и тоа на 15-ти јуни  и 30-ти јуни во Мелбурн, 26-ти мај во Перт, 1 и 23 јуни во Сиднеј, 2-ри јуни во Канбера, 9-ти јуни во Голд Кост, 16-ти јуни Волонгонг.

Наум на оваа турнеја ќе биде во придружба на својата сопруга Зуица Лазова, музичарот Илија Тотовски-Тота, виолинистот Џеват Рамаданоски како и екипа на ИН продукција. Особено за напоменување е дека за прв пат на една ваква турнеја патува и екипа од ИН продукција Охрид, која има закажано снимање со нашите пејачи кои живеат во Австралија, а воедно ќе има и директен пренос на ИН телевизија од тамошните концерти преку двата канали ИН ТВ и ФОЛК КЛУБ ТВ.

Please follow and like us:
Pin Share