
“Тапан грми”, “Погана” и уште неколку песни, оставија длабока трага во македонската музичка сцена а се испеаа од неповторливиот Христијан Божинов Кико, песни кои постојано се барани и пеани а досега никој ги нема препеано. Христијан не го крие фактот што ниедна веселба каде што настапува тој неможе да помине без овие песни.
-Не се препеани, затоа што едната е авторска, другата е народна како приказна, како аранжман спремана песната таа беше “Погана” спремена е од целиот тим од мене и групата “Болеро”. Препеани не се, како кавери ги има на јутјуб многу , а по свадбите без тие песни мислам дека не може македонска свадба да помине, вели Христијан.
Со оглед на големие работни ангажмани Христијан кој е баран низ цела Македонија, во моментов прави пауза поради снимањето за новиот албум, а потоа отпочнуваат работните активности и настапи.
-По Велигденските празници следуваат свадбени прослави, приватни журки и наскоро ќе има најава за една наша турнеја во Австралија. Ќе одиме како тим, јас Ферус Мустафов и Ристе Ристески од Охрид, учесникот на Ѕвездите на Гранд, вели Христијан.
Со оглед на екипата која што ќе оди во далечната земја, Кико не го криеше задоволството да каже дека очекувањата се големи. Инаку при гостувањето во ИН продукција, тој го најави и скорешното издавање на неговото првенче, најновиот албум.