Даниела најавува нов проект заедно со својот син Даниел

Please follow and like us:
Pin Share

По периодот кој беше максиално работен за Даниела Темелковска, таа во моментиве не крие да каже дека е фокусирана на плановите за летниот одмор. Како што додава, планира добро да се одмори за понатака да продолжи со нови сили на предвидените настапи и работни ангажмани.

-Искрено кажано не е само преку летото кај мене работнат ангажираност, тоа е преку целата година. Летото искрено покрај толку работи ќе се потрудам прво пред се да си најдам одмор. Фокусирана сум моментално на плановите за одмор. После одморот мислам дека ќе ги реализирам сите оние работи што допрва следуваат. Снимање на нов проект, тоа ќе го работам допрва. Треба да го одберам само внимателно материјалот со кој што сметам дека треба да се изработи видео запис. Тоа ќе ми следува во многу блиска иднина а воедно тој проект нема да го работам сама, тука ќе има и гостин, мојот син Даниел Блажевски кој што еве изминативе пет години активно работи исто како и јас, вели Даниела.

Притоа, како што дополнува Даниела, нејзиниот син впрочем оди по нејзините стапки, осоено кога е во прашање музичкиот дел. Даниела не ја исклучува можноста проектот да биде реализиран во соработка со ИН продукција.

Please follow and like us:
Pin Share